Дечињата го одбележаа Денот на пролетта со многу насмевки, труд и љубов кон природата.
Заедно со дечињата засадивме дрвца и цвеќиња во жардинери, учејќи колку е важно да се грижиме за нашата околина. Овој ден беше исполнет со радост, тимска работа и позитивна енергија.
Голема благодарност до родителите за нивната поддршка и донации, кои ни помогнаа да го разубавиме нашиот простор и да создадеме поубава и позелена средина за сите.