07.04.2026 - Светски ден на здравјето
По повод Светскиот ден на здравјето, дечињата од група Детелинка реализираа едукативна посета на аптеката Зегин.
Преку интересно дружење и разговор со фармацевтите, тие научија колку е важно да се грижиме за нашето здравје и да негуваме здрави навики уште од најмала возраст.
Им благодариме на вработените во Зегин за топлиот прием и убавото искуство.
Во група Пинокио во објектот ,,Прв чекор" беше родител – здравствен работник од ординацијата по општа медицина ПЗУ „Мар Медика“ Ивковски, по повод Светскиот ден на здравјето.
Децата имаа можност да се запознаат со професијата и со важноста на грижата за здравјето. Преку разговор и интересни објаснувања, научија како изгледа работата на еден здравствен работник и зошто е важно редовно да се грижиме за себе.
Дополнително, преку приказната „Големата шумска трка на лавот“, децата на забавен и разбирлив начин се запознаа со здравите навики и како правилно да се грижат за своето здравје.

Copyright © 2025, powered by w3now.io