Нашите истражувачи од групите Детелинка, Јаготка, Бисерчиња и Слонче уживаа во престојот на отворено, сместени во шатори како вистински кампери. Околу „логoрскиот оган“ се слушаа смеа, разговори и детска радост. Заедно печевме компири и пченка, а мирисот на вкусната храна и веселата атмосфера го направија денот уште поубав. 🌽🥔
Децата учеа за природата, за дружењето и за тимската работа, а најважно од сè – создадовме многу убави спомени.
Со многу насмевки, игра и авантуристички дух, нашиот кампувачки ден помина незаборавно! ✨