Во двата објекта на нашата градинка децата имаа можност да уживаат во прекрасната музичко-драмска претстава „Трите мачки“, во изведба на продукција Триангл.
Преку песна, глума и многу смеа, децата се запознаа со интересна приказна за другарството, која им ја разбуди фантазијата и им донесе многу радост.
Насмевките и позитивната енергија беа доказ дека уметноста е најубавиот начин за учење и дружење.