На 17.12.22025 година дечињата од двата објекти на градинката „Гоце Делчев“ ја проследија новогодишната претстава „Веселата елка“, реализирана од страна на Продукција Триангл Пулс / Production Triangl Puls. Претставата се одвиваше во топла, празнична атмосфера исполнета со радост, смеа и новогодишна магија.
Со голем интерес и воодушевување, децата ја следеа секоја сцена, активно уживајќи во играта, песната и театарската приказна. На забавен и едукативен начин, најмладите беа запознаени со вредностите на пријателството, добрината и новогодишните желби.


Copyright © 2025, powered by w3now.io