Со дечињата од група Бубамара и група Јаготка го посетивме Железничкото депо Лисиче, каде што се запознавме со возовите и нивното функционирање.
Потоа патувавме со воз до Железничката станица во Скопје, каде децата имаа можност одблиску да се запознаат со начинот на работа на железницата, организацијата и значењето на железничкиот сообраќај.
Нашата авантура продолжи во Музејот на железниците во Македонија, каде што преку интересни експонати и приказни децата научија повеќе за историјата на железницата кај нас.
Преку ваквите активности децата стекнаа нови знаења, искуства и незаборавни спомени исполнети со радост, дружење и истражување.
Посебна благодарност до родителите на Петар Ѓорѓиев од група Бубамара, кои ни ја овозможија оваа прекрасна и едукативна посета.