Дечињата од група ,,Слонче" беше во посета на библиотеката ,,Браќа Миладиновци".
Со голема љубопитност и возбуда децата разгледуваа шарени книги, слушаа интересни приказни и научија колку е важно да се сака и чува книгата.
За многумина оваа беше прва средба со библиотека која им донесе нови доживувања и поттикна љубов кон читањето.
Низ игра, разговор и истражување нашите мали слончиња направија уште еден чекор кон светот на знаењето и фантазијата.
Горди сме на нивната желба да учат.