Во рамките на проектот "Здрава храна" , дечињата од група "Црвенкапа" ја посетија градината на баба Богица. Посетата беше вистинско уживање, таа со љубов ни ги покажа зеленчуковите плодови, раскажувајќи ни како се одгледуваат на природен начин. Децата со интерес слушаа и учеа колку труд и грижа е потребно за да порасне едно растение. На крајот сите уживавме во свежо набраните плодови.