Дечињата од објектот "Прв чекор" засадија 10 дрвца( јаболко, јапонско јаболко, слива, цреша) во нашето дворно место и создадовме уште позелено и поздраво опкружување.
Оваа активност не само што го разубави просторот, туку им овозможи на децата да учат за природата, грижата за растенијата и нивната важност.
Од срце им благодариме на АЦТ Македонија за поддршката и за поттикот да ги учиме најмалите колку е важно да се создава и чува зеленилото.

Copyright © 2025, powered by w3now.io