15.05.2026 - Меѓународен ден на семејството
По повод Денот на семејството, реализиравме прекрасно дружење исполнето со детски насмевки, радост и љубов.
Заедно со родителите уживавме во забавни игри во дворот, креативни активности во занимална и читање приказни кои ја истакнаа важноста на семејството и заедништвото.
Благодарни сме на родителите за учеството, позитивната енергија и времето поминато со децата.
Заедно создадовме незаборавни моменти и прекрасни спомени.