Во нашата градинка уживавме во една поинаква, но многу возбудлива активност – прошетка и истражување на пролетен дожд 

Опремени со чадорчиња, гумени чизми и голема љубопитност, децата го доживеаја дождот како вистинска авантура. Ги набљудувавме капките како паѓаат, ги слушавме звуците на дождот, скокавме низ баричките и откривавме како природата се буди и се освежува.
Преку игра и истражување, учевме дека дождот е важен за растот на растенијата и дека секое време носи своја убавина.
Насмевките, радоста и детската љубопитност ни покажаа дека најубавите моменти се создаваат токму во ваквите мали, природни авантури