Со детска насмевка, песна и игра заокруживме уште една прекрасна приказна.
130 дечиња, наши мали истражувачи, преку приредбата „Магично патување низ континентите“ нè поведоа на незаборавно патување низ светот. Секој континент беше претставен со многу љубов, труд, креативност и радост, покажувајќи ни колку голем и шарен може да биде светот гледан низ детските очи.
Денес не славиме само една успешна приредба – ги славиме сите моменти на растење, учење, другарување и откривање кои ги споделивме заедно.
На нашите идни првачиња им посакуваме храбро да чекорат кон новите предизвици, да продолжат да сонуваат големи соништа и секогаш да ја носат во себе радоста што денес ја споделија со сите нас.
Среќен пат кон новите авантури, драги деца!